Top Sport

Првиот човек на Барселона: Мбапе ќе ја уништи соблекувалната на Реал Мадрид

Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната. Иако нема официјална потврда, се чини дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. За тоа пишуваат шпанските и француските медиуми, но и експертите за трансфери како Фабрицио Романо, кој веќе ја објави финансиската страна на зделката. Сето ова го коментираше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Италијанскиот новинар, откри дека годишната плата на Мбапе ќе биде во рангот на другите големи ѕвезди, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем. Вклучувајќи одредени бонуси овие двајца годишно зарабитуваат по 24 милиони евра.

Но, тоа не се единствените пари што ќе ги добие Мбапе. Бидејќи во неговиот трансфер нема да има обештетување на друг клуб, се очекува бонусот за потписот да биде над 100 милиони евра. Реал нема да веднаш да му ја исплати таа сума, туку на рати колку што трае договорот.

Сето ова може да има негативни последици за тимот од Мадрид, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта во коментар за евентуалниот договор со Реал.

„Воопшто не му завидувам на Реал, а освен тоа, се уште не ни знаеме дека ќе потпише за нив. Ќе видиме… Но во тој случај тие имаат проблем. Ќе мора да продадат некој за да го донесат, нели? А ниту Мбапе и Винисиус нема да можат да играат на иста позиција, нели? Да не зборуваме за сумите што се споменуваат. Сигурен сум дека тоа ќе ја уништи соблекувалната на Реал“, изјави Лапорта.

Scroll to Top