Top Sport

Првиот човек на францускиот фудбал си поднесе оставка

Претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) Ноел Ле Грае денеска поднесе оставка. По 11 години на чело на францускиот фудбал, 81-годишниот Ле Грае реши да се повлече по неколкумесечни турбуленции, обележани со обвинувања за сексуално и морално вознемирување и извештајот ревизорска мисија на Генералниот инспекторат за образование, спорт и истражување (IGESR) и неколку вербални лапсуси.

Претходно овој месец, ревизијата нарачана од Министерството за спорт заклучи дека Ле Грае повеќе го нема „неопходниот легитимитет“ да раководи и да го претставува спортот во Франција и „го истакна неговото несоодветното однесување кон жените“.

Ле Грае негираше дека сторил нешто лошо, но сепак реши да се повлече од функцијата.

Scroll to Top