Top Sport

Првиот човек на италијанскиот фудбал под истрага за перење пари

Обвинителството во Рим го истражува претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина за наводна проневера и перење пари поврзани со ТВ права.

Гравина, кој доброволно се сретна со обвинителите и негира дека сторил нешто лошо, е обвинет дека незаконски користел пари од продажбата на ТВ правата во 2018 година, кога раководел со третата дивизија, за да продаде колекција средновековни книги и да купи куќа во Милано.

„Побаравме сослушување и презентиравме документација за да покажеме дека нашиот клиент е невин. Расчистивме се и сигурни сме дека вистината наскоро ќе излезе на виделина“, се вели во соопштението на адвокатите на Гравина.

Гравина е на чело на Италијанската фудбалска асоцијација од 2018 година, а во април 2021 година беше избран во Извршниот комитет на УЕФА со функцијата потпретседател.

Scroll to Top