ПСЖ, синоќа, доживеа уште еден дебакл во Шпанија, во Лигата на шампионите. Реал, ги елиминираше „светците“, во осмина-финалето, со хет-трикот на Карим Бензема. Најтешко поразот и елиминацијата ја доживеал претседателот, Насер Ал-Келаифи.
Водешките шпански медиуми Ас и Марка, повикувајќи се на извештаите, Мовистар, објавија дека Ал-Келаифи „бил лут и експресно ја напуштил ложата и се упатил кон соблекувалната на судиите“.
Овие медиуми тврдат дека сакал да го изрази своето незадоволство, но…
„Нервозен тој завршил во собата на делегатот на, Мехија Давила. Видно вознемирен, претседателот на ПСЖ бил избркан од простријата на претставникот на Реал, оставајќи срамна слика“, пишува Марка.
Наводно потоа вербално го нападнал Даниеле Орсато и го кршел инвентарот.
Од УЕФА ги побарале снимките од инцидентот, за да може да покрене истрага.