Честа да го отворат новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нациите, имаа репрезентациите од нашиот ранг (Лига Д), Казахстан и Грузија, кој заврши со победа на гостите од 2:0.
На првиот гол во Лигата на нации се чекаше 68. минути, но кога дојде, тој беше спектакуларен. Гиорги Чакветадзе упати бомба од дваесетина метри за водство на Грузијците. Неколку минути подоцна Чакветадзе имаше вмешано прсти и во вториот гол на гостите, откако по негово додавање имаше упатено удар кон голот на Казахстан, а по одбраната, Малиј си постигна автогол.
Giorgi Chakvetadze’s amazing goal vs Kazakhstan. ⚽??
First ever UEFA Nations League goal. pic.twitter.com/hRjZQGvSzs
— Dito Chichinadze (@Ditvi_Na) September 6, 2018