Top Sport

Првиот гол во Велшката лига во 2018 беше постигнат од голман (видео)

Голманот на Кармартен таун, Ли Идзи го постигна првиот гол во Велшката Премиер лига во 2018 година.

Кармартен, на последното место на табелата, на Нова Година гостуваа кај Абериствит, кога Идзи со своето „исфрлање“ на топката успеа да го совлада противничкиот голман.

Гостите на крајот стигнаа до важна 2:1 победа за да се доближат на три поени од претпоследнопласираниот Престатин и пет поени зад Абериствит.

Scroll to Top