Top Sport

Го погодија со чоколадо, тој го изеде (видео)

Кипарскиот фудбалер на шкотскиот тим Сент Мирен беше погоден со „Баунти“ чоколадово текот на гостувањето кај Гринок Мортон, и тој го направи најприродното нешто – го изеде чоколадото и продолжи да игра.

Гостите водеа со 1:0 во Ренфрушајр дербито, и на еден навивач на Гринок очигледно му дојде преку глава, кога реши да го погоди бекот со чоколадо. 27-годишниот Деметриу прво ги крена рамениците, но потоа реши да врати со јадење на „подарокот“.

Мечот од шкотската втора лига заврши 1:1.

Scroll to Top