Top Sport

Првиот преоден рок на Конте во Тотенхем е кошмар – ги „пропуштија“ Дијаз и Траоре…

Бруно Фернандеш, Рубен Дијаш и сега на крајот Луиш Дијаз. Што е заедничко за тројцата фудбалери? Освен тоа што биле ѕвезди во португалската лига, тоа што тројцата беа блиску до трансфер во Тотенхем за на крајот да завршат во друг премиерлигаш.

Вест дека Дијаз го избрал Ливерпул пред Тотенхем, доаѓа 24 часа откако стана јасно дека Адама Траоре исто така ќе го одбие тимот од Лондон за трансфер во Барселона, оставајќи го Антонио Конте без ниту едно засилување во зимскиот преоден рок, откако претходно најави дека му ставил јасно на знаење на претседателот на клубот, Даниел Леви дека му се потребни одредени засилувања.

Оваа ситуација го остава италијанскиот тренер во тешка позиција во обидот да се обезбеди топ 4 пласман и фудбал во Лигата на шампионите следната сезона, а бидејќи Конте има „навика“ да си заминува од клубови ако не му се исполнуваат желбите – како што дознаа Интер откако лани им ја освои титулата, Тотенхем дури ризикува тој да е откаже предвреме.

На неколку дена пред крајот на преодниот рок, топката е кај Даниел Леви…

Scroll to Top