Top Sport

Прво асистенција, потоа гол – Елмас блеска против Удинезе

Елиф Елмас блеска во дресот на Наполи во пресметката со Удинезе.

Македонскиот репрезентативец, најпрвин му асистираше на Виктор Осимен во 15.минута, кој погоди за предност на Наполи, а потоа во 58.минута изведе минијатура и го матираше Силвестри. Ова е втор гол за Елмас на последните три натпревари, вкупно трет во Серија А од почетокот на сезоната.

Две минути подоцна Силвестри успеа да го одбрани волејот на Елмас.

Наполи на овој натпревар ќе постави нов клупски рекорд, ова ќе биде нивната 11. последовна победа во Серија А.

Scroll to Top