Top Sport

Прво ги победија со 8:0, а потоа го поканија цело село на „Аноета“! (видео)

Шпанскиот четвртолигаш Бесерил имаше ужасна вечер во четвртокот, откако загуби со 0:8 од Реал Сосиедад во меч од Копа дел Реј, и сега во гест на добра волја, баскискиот клуб го покани цело село на било кој меч во Сан Себастијан.

Селото во северна Шпанија има само 754 жители, и претседателот на Сосиедад, Јокин Аперибај потврди дека цело село има покана да присуствува на еден меч на шестопласираната екипа од Ла лига. По нивни избор, сите жители на Бесерил, заедно со фудбалерите на фудбалскиот клуб ќе добијат платен транспорт, билети и вечера на „Аноета“.

„Мечот беше славје на фудбалот и навистина сме благодарни од тоа како бевме третирани од Реал Сосиедад по тешкиот пораз. Сега ќе го разгледаме календарот и ќе бидеме пресреќни кога ќе дојдеме во Сан Себастијан“, изајви претседателот на клубот, Хуан Антонио Редондо.

Scroll to Top