Top Sport

Прво ќе ти даде два гола, па потоа ќе го побара и дресот! Бадија шокиран од Меси

Лионел Меси и голманот на Елче, Едгар Бадија имаа еден интересен заеднички момент по 3:0 победата на Барселона во средата, во меч во кој Меси му даде два гола на голманот роден во Каталонија.

По крајот на мечот, Меси отиде кај 29-годишниот голман на претпоследниот клуб во Ла лига и му го побара дресот, а реакцијата на Бадија беше фантастична – тој бргу го соблече голманскиот дрес и му го подаде на Аргентинецот, кој стоеше насмеан.

Scroll to Top