Top Sport

Првото коло на Серија А постави рекорд по посетеноста

Италијанците полека се враќаат на својата лига, откако првото коло од сезоната 2019/20 во Серија А постави рекорд по посетеност на стадионите.

Во првото коло имало просечно 26.000 гледачи, што е рекорд по проширувањето на Серија А на 20 тима во сезоната 2004/05. Последните две сезони оваа цифра се движеше околу 22.000 гледачи. Се верува дека главната причина за ова, покрај новите ѕвезди кои пристигнаа во лигата, е тоа што сезоната оваа година почна подоцна.

Најмногу луѓе имаше на „Сан Сиро“, каде што 64.188 гледачи беа присутни на убедливата 4:0 победа на Интер над Лече. На второ место се 38.779 гледачи на „Олимпико“ за трилер 3:3 ремито меѓу Рома и Џенова, додека трет е „Артемио Франки“ со 33.614 гледачи за мечот Фиорентина-Наполи 3:4.

Scroll to Top