Top Sport

Гојак со голчиште – Динамо, Звезда и Олимпијакос во Лигата на шампиони (видео)

Црвена звезда, Динамо Загреб и Олимпијакос успеаја да влезат во групната фаза на Лигата на шампиони, оставајќи само уште место за три клуба (кои ќе се дознаат утре) за елитното клупско натпреварување.

Динамо Загреб патуваше во Норвешка со 2:0 победа од Хрватска, но рано почна да се „тресе“ против Розенборг, откако домаќините уште во 11. минута постигнаа гол преку Акинтола и доминираа во првото полувреме, во кое „модрите“ немаа ниту еден удар на голот. Сепак, Амер Гојак во 71. минута, Амер Гојак постигна фантастичен гол од над 20 метри за да израмни на 1:1, по што домаќините мораа да постигнат уште три гола за да одат понатаму.

Црвена звезда дома го пречекуваше швајцарскиот Јанг бојс по интересните 2:2 на гости, и до последните десетина минути имаше предност од 1:0 откако Алекса Вукановиќ во 59. минута од мечот убаво ја смести топката во голот со глава по уште поубавото нафрлање на Родиќ. Но, во 81. минута популарниот Бен си постигна автогол за да има нервозен финиш на мечот на „Рајко Митиќ“, пред Звезда да осигура второ последователно учество во групната фаза на ЛШ.

Најмалку неизвесност имаше во Краснодар, откако во првиот меч Олимпијакос победи со 4:0, и грчкиот клуб уште еднаш триумфираше против рускиот клуб (2:1).

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 2.НАТПРЕВАР

Црвена звезда – Јанг бојс 1:1, прв натпревар 2:2, вкупно 3:2

Краснодар – Олимпијакос 1:2, прв натпревар 0:4, вкупно 1:6

Розенборг – Динамо Загреб 1:1, прв натпревар 0:2, вкупно 1:3

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ЈАНГ БОЈС

РОЗЕНБОРГ – ДИНАМО ЗАГРЕБ 

КРАСНОДАР – ОЛИМПИЈАКОС

Scroll to Top