Top Sport

Првото засилување за Јунајтед беше на трибините на „Вембли“

Ѕвездата на Ајакс, Џуриен Тимбер беше присутен на „Вембли“ на финалето на ФА купот помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити, зголемувајќи ги шпекулациите за трансфер во тимот на Ерик Тен Хаг.

Тимбер, кој и минатото лето беше поврзуван со трансфер на „Олд Трафорд“, по крајот на катастрофалната сезона на Ајакс призна дека „постои шанса“ да си замине од Амстердам.

Британските медиуми тврдат дека Хери Мегваер ќе си замине од клубот ова лето, така што Тимбер ќе биде ззамена на Рафаел Варан и Лисандро Мартинез во централната одбрана.

Scroll to Top