Top Sport

Капитенот Љорис по 11 години сака да замине од Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, францускиот голман Иго Љорис по 11 години сака да си замине од лондонскиот клуб, најавувајќи дека сака да се откаже од последната сезона од неговиот договор.

Љорис, кој е повреден од мај, во интервју за францускиот весник „Нис-Матен“, признава дека неговата приказна со Спарс е најверојатно завршена.

„Дојдовме до важен момент, за клубот и за мене, до крај на една ера. Имам желба за нешто поинакво и внимателно ќе размислиме што е можно. Не сум заборавил дека имам уште една година од договорот, но во фудбалот секогаш е тешко да предвидиш што ќе се случи. Ми треба проект на кој ќе се радувам“, вели Љорис.

36-годишниот Љорис пристигна во Тотенхем од Лион во 2012 за 10 милиони евра, а сега се поврзува со враќање во својот прв професионален клуб, Ница.

Scroll to Top