Top Sport

Првото засилување за Мурињо ќе биде Гранит Џака?

Жозе Мурињо и Рома се блиску до договор со Арсенал за трансфер од 15.5 милиони фунти за швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака, тврдат италијанските медиуми.

„Топчиите“ се подготвуваат за целосно „реновирање“ на тимот откако не успеаја да се квалификуваат во европските натпреварувања првпат по 25 години, и покрај Џака се очекува од „Емирати“ да си заминат и Ектор Белјерин и Вилијан.

Според „Кориере дело спорт“, Мурињо инсистирал да се договорат за Џака, кој би добил четиригодишен договор. Џака пристигна во Арсенал за 35 милиони фунти во 2016 и стана капитен на клубот три години подоцна, за само пет месеци да ја носи капитенската лента пред да има конфликт со навивачите. Тој има 220 настапи за Арсенал и 13 постигнати гола.

Scroll to Top