Top Sport

УЕФА привремено ја стопираше дисциплинската против Реал, Јуве и Барса

УЕФА објави дека ја стопира „процедурата“ за кзанување на Јувентус, Барселона и Реал Мадрид за нивната одлука да не се откажат од проектот на Европската Суперлига поради последните „легални случувања“.

Трите клуба останаа на своето по откажувањето на другите 9 „одметници“ од Суперлигата (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Тотенхем, Арсенал, Интер, Милан и Атлетико Мадрид), по што од УЕФА им се заканија со сериозни „последици“, вклучувајќи парични казни и исфрлање од Лигата на шампионите.

Трите клуба постојано тврдеа дека одлуката на судот во Мадрид за „стопирање“ на било каква казна за нив, и сега УЕФА потврди дека ситуацијата е сменета.

„По отварањето на дисциплинската процедура против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид за потенцијално прекршување на легалните обврски на УЕФА со таканаречената ‘Суперлига’, апелационото тело на УЕФА реши да ја одложи процедурата на неопределено време“, се вели во соопштението на УЕФА.

Според сите информации одлуката на трговскиот суд во Мадрид пристигнал во саботата кај УЕФА преку швајцарските власти, и значи дека доколку УЕФА ги казни клубовите, тогаш ги очекува долга судска разврска и плаќање на отштета на клубовите.

Scroll to Top