Даниел Малдини и официјално ја комплетирше својата позајмица во Специја за сезоната 2022/23, со што ќе стане првиот член на семејството Малдини кој ќе заигра за друг италијански клуб во Серија А покрај Милан.
„Росонерите“ потврдија дека Даниел, синот на легендарниот поранешен капитен, а сега спортски директор, Паоло Малдини, е позајмен без опција за купување. 20-годишниот Даниел исто така е внук на легендарниот Чезаре Малдини.
Братот на Даниел, Кристијан Малдини во моментов игра во Серија Ц со Про Сесто и никогаш не заиграл во првата лига. Тој има играново Фоџа, Тернана и Парма, но само во Серија Б. Даниел Малдини имаше 15 настапи во Серија А во кариерата, постигнувајќи еден гол, иронично против неговиот нов клуб Специја во септември 2021.
ɪ ᴀᴍ ᴅᴀɴɪᴇʟ, ɪ ᴀᴍ ᴍᴀʟᴅɪɴɪ pic.twitter.com/I0rpa7fwAY
— Spezia Calcio (@acspezia) July 29, 2022