Тимот на Саутемптон е неочекувано лидер во Премиер лигата по првиот меч од осмото коло, откако со 2:0 го совладаа Њукасл за нивна петта победа оваа сезона.
Тимот на Ралф Хазенхитл дојде во водство уште во седмата минута преку Че Адамс, пред Стјуарт Армстронг во 82. минута да ги постави конечните 2:0. Сега, Саутемптон има 16 поени, колку што има и второпласираниот Ливерпул и еден повеќе од Лестер, иако овие два тима имаат меч помалку.
Претходно, во блед меч, Брајтон и Барнли одиграа 0:0, со што гостите ја продолжија низата и седум меча немаат победа во Премиер лигата, откако лани беа и во игра за пласман во ЛШ.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 8.КОЛО
Брајтон – Барнли 0:0
Саутемптон – Њукасл 2:0