Top Sport

ПСВ го враќа Депај во Холандија

ПСВ Ајндховен се заинтересирани да го вратат Мемфис Депај во холандската Ередивизие, тврдат холандските медиуми, по неуспешната половина сезона на „Ноу Камп“.

28-годишниот холандски репрезентативец не е задоволен од својата позиција во клубот по пристигнувањето на Чави Ернандез на клупата, и пристигнувањето на Феран Торес и Пјер-Емерик Обамејанг во составот, и се очекува да побара трансфер ова лето.

Депај ја почна кариерата со ПСВ, пред да направи скап трансфер во Манчестер јунајтед, каде што беше неуспешно засилување, за да ја врати кариерата на вистински пат во фрацускиот Лион, од каде што минатото лето пристигна во Барселона како слободен играч.

Scroll to Top