Top Sport

Путин остана без почесното претседателство на џудо федерацијата

Интернационалната џудо федерација (ИЈФ) потврди дека рускиот претседател Владимир Путин е суспендиран од позицијата почесен претседател поради инвазијата на Украина.

„Поради војната во Украина, Интернационалната џудо федерација ја објавува суспензијата на позицијата почесен претседател и амбасадор на господинот Владимир Путин“, се вели во соопштението на ИЈФ.

Путин, кој е познат како љубител на џудото и во 2014 година стигна до осми дан, едно од највисоките нивоа во спортот. Тој беше почесен претседател на федерацијата од 2008 година, а во 2014 година, претседателто на ИЈФ, Мариус Визер го нарече „совршен амбасадор на нашиот спорт“.

Ова е последна од низата казни за рускиот спорт по војната во Украина. УЕФА ја одзеде организацијата на финалето на Лигата на шампионите на Санкт Петерсбург, најавувајќи раскин на договорот со „Газпром“, додека Формула 1 ја суспендираше трката во Сочи на 25 септември. Полска и Шведска објавија дека нема да играат со Русија во баражот за СП во Катар, додека Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) посочи дека Русите го прекршиле „олимпиското примирје“.

Scroll to Top