Top Sport

ПСВ со голема победа во Ротердам (видео)

ПСВ Ајндховен се одвои на седум поени на врвот на холандската Ередивисие, откако во големото дерби со 3:1 славеше кај Феенорд во Ротердам за да останат најголеми фаворити за титулата.

Заедно со „киксот“ на Ајакс и 0:0 ремито со АДО Ден Хаг, ПСВ може да е задоволен од предноста од седум поени на само девет круга пред крајот на шампионатот, со што тимот на Филип Коку е многу блиску до третата титула во последните четири години.

Од другата страна, тренерот на Феенорд реши да ги одмори на стартот на мечот Робин ван Перси и Свен ван Бек, и гостите во 23. минута преку Ариас поведоа со 0:1, а само десет минути подоцна Переиро го најде Ван Бергвајн за 0:2. ПСВ ја вратија рамнотежата со голот на Тони Вилхена во второто полуврме, но Переиро набргу зголеми на 1:3.

Scroll to Top