Top Sport

Мец ја прекина победничката низа на Вардар

Мец со 24:22 го совлада македонскиот шампион Вардар за во осмиот натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони, „црвено-црните“ да го доживеат првиот пораз, кој нема големо значење, бидејќи македонскиот тим веќе е во четврт-финалето.

Мец пак, со победата ги зголемува шансите да го освои второто место во групата 2 и да стане првиот тим од Франција кој влегол во фајнал 4 во женската Лига на шампиони.

По израмнетото прво полувреме, во кое Вардар неколку пати имаше и предност од два гола, слична игра продолжи и во второто полувреме, пред во последните осум минути, Мец да направи низа од 4:0 за да поведе со 22:20. Оваа предност се покажа како недостижна за нашиот тим и конечниот резултат 24:22 на крајот беше реален.

Андреа Лекиќ со пет гола беше најрасположена за игра кај Вардар, додека по три гола постигнаа пет ракометарки – Пенезиќ, Лазовиќ, Кузнецова, Радичевиќ и Лакрабер. Кај домаќините, Грејс Зади Деуна имаше осум голови, а Ует и Грос имаа по четири.

Scroll to Top