Top Sport

ПСВ ја одбрани титулата во Холандија

ПСВ Ајндховен 25.пат во клупската историја ја освои титулата во првенството на Холандија. Во последното коло на Ередивизие, ПСВ ја обезбеди титулата со победата над Спарта од Ротердам (3:1). Ајакс триумфираше против Твенте (2:0).

Сите очи на холандската јавност беа насочени кон Ротердам, каде што ПСВ победи со 3:1 (1:0) против домашната Спарта и го комплетираше пресвртот во шампионската трка. Со головите на Иван Перишиќ, Лук де Јонг и Малик Тилман, црвено-белите осовија три бода и ја одбранија титулата.

На домашен терен, Ајакс оствари пирова победа над Твенте со головите на Ваут Вехорст и Џордан Хендерсон.

Со серија од четири натпревари без триумф, фудбалерите на Ајакс загубија ограомна предност од девет бода и останаа без титулата.

Третото место настап во квалификациите за Лигата на шампионите го потврди Феенорд, и покрај поразот од Херенвен, додека Утрехт ја заврши сезоната на четвртата позиција (квалификации за Лигата на Европа).

Седмопласираните „Го Ахед Иглс“ обезбедија учество во ЛЕ со освојувањето на Купот, што значи дека АЗ, Твенте, НЕК Најмеген и Херенвен ќе играат во баражот за европски квалификации.

Валвајк и Алмере се преселија во понизок ранг, додека Виљем ќе мора да оди во плејофот за да остане во елитниот ранг.

Scroll to Top