Големото дерби во холандската Ередивизие беше целосно еднострано, откако актуелниот шампион ПСВ Ајндховен, успеа со 3:0 да го „прегази“ Ајакс со „блиц-криг“ за 15-тина минути во првото полувреме.
Гастон Переиро донесе водство за тимот на Марк ван Бомел во 21. минута, пред Лук де Јонг да зголеми на 2:0 само три минути подоцна, за победата да ја обезбеди Мексиканецот Ирвинг Лозано во 35. минута.
Ова беше шеста победа во низа на стартот на холандскиот шампионат за ПСВ, и сега имаат 18 поени, пет повеќе од Ајакс на второто место.