Top Sport

ПСВ среде Амстердам го декласира Ајакс

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен го освоија Суперкупот на Холандија. Среде Амстердам тие го декласираа Ајакс со 4:0.

Ајакс го растури, талентираниот напаѓач од Англија, Нони Мадуеке. 19-годипникот постигна два од четирите гола за ПСВ.

Мадуеке погоди во втората и 29.минута, а откако Николас Таљафико доби црвен картон во 40.минута, беше јасно кој ќе ја однесе победата.

Јорбе Вертесен во 76.минута зголеми на 3:0, а точка на натпреварот стави Германецот Марио Геце во претпоследната минита.

Scroll to Top