Top Sport

ПСЖ без Меси и против Монпелје

Лионел Меси нема да игра викендов против Монпелје. Аргентинецот, кој има повреда на левото колено, претпладнево тренирал со соиграчите, меѓутоа во клубот нема да рескираат со неговата повреда.

Меси, доби удар, минатата сабота, против Лион. Овој дуел го обележа неговото незадоволство, кога беше заменет на 20 минути до крајот на натпреварот.

Меси не играше пред два дена против Мец, а нема да биде во тимот и против Монпелје.

Планот на ПСЖ е да го сочува Аргентинецот за дуелот со Манчестер сити во Лигата на шампионите, кој ќе се одигра наредната недела.

Покрај Меси, дуелот со Монпелје ќе го пропуштат Марко Верати и Серхио Рамос, кој се уште не дебитирал во дресот на новиот клуб.

Scroll to Top