Нејмар ќе го пропушти првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите, против Реал Мадрид.
„Екип“, пишува дека Бразилецот нема да се рехабилитира од повредата до 15.февруари, за кога е закажан дуелот. Нејмар се повреди на 28.ноември минатата година. Рехабилитацијата не се одвива според прогнозите на клупскиот медицински тим.
Нејмар, од почетокот на сезоната има одиграно само 14 натпревари, четири од нив во Лигата на шампионите.