Пари Сен-Жермен се подготвени да се разделат со најскапиот фудбалер на сите времиња, Нејмар, за „само“ 80 милиони евра, многу помалку од рекорните 222 милиони евра кои ги платија на Барселона да го донесат во 2017 година, тврди шпанскиот „АС“.
Нејмар во 2017 потпиша петгодишен договор за ПСЖ и во 141 мечеви за клубот постигна 98 гола, освојувајќи четири титули од Лига 1 и три од Купот на Франција, но не успеа да стигне до титула од Лигата на шампионите, главната цел на богатите газди на клубот. Во мај 2021 тој го продолжи договорот со клубот до 2025 година.
ПСЖ подготвува „револуција“ во составот, и би се почнало од тренерот Маурисио Почетино, но и со повеќе фудбалери, вклучувајќи го Нејмар.