Top Sport

ПСЖ демантирале дека испратиле понуда за Ериксен

Челниците на францускиот шампион ПСЖ ги негираа медиумските шпекулации дека испратиле понуда од 100 милиони евра за играчот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Од клубот за агенцијата „Асошиејтед прес“, рекле дека шпекулациите ја „игнорираат моменталната состојба на трансфер пазарот“. ПСЖ стана еден од најбогатите клубови во светот кога доби сопственици од Катар.

Поради правилата за финансискиот фер-плеј, клубот не може многу да троши, а тренерот Томас Тухел, рекол дека до крајот на преодниот рок ПСЖ ќе се обиде да се засили со по еден играч во редот за врска и на левата бековска позиција.

Медиумите исто така шпекулираат дека наредното лето, токму поради финансискиот фер-плеј на УЕФА, клубот ќе мора да го продаде Нејмар или Килијан Мбапе.

Scroll to Top