Ванда Нара, сопруга и менаџерка на новиот играч на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, рекла заминувањето на позајмица била најлошата опција за неа, а најдобра за напаѓачот. Икарди во последните часови од летниот преоден рок од Интер се пресели на едно годишна позајмица. „Светците“ по завршувањето на сезоната ќе можат да го откупат неговиот договор за 75 милиони евра.
„Никој до последен момент не знаеше каде ќе игра Мауро, дури ни децата не го знаеја тоа. Бока Јуниорс никогаш не испратија сериозна понуда. Мауро спакува мал куфер, а останатото ми го остави мене. Децата одат во училиште во Италија, што значи дека ќе живееме на релација Милано-Париз“, рекла Нара.
Таа нагласила дека Икарди имал три понуди.
„Од трите можности Пари Сен Ѓермен за мене беше најлошата, бидејќи јас и децата моравме да се вратиме во Милано. Сепак тоа опција беше најдобра за него“, заклучила сопругата на Икарди.