Донато Ди Кампли, поранешен менаџер на Марко Верати, кој минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на пазарот, рекол дека Италијанецот за него „повеќе не постои“.
Поранешниот менаџер на Верати рекол дека фудбалерот се дистанцирал од него кога го направил трансферот во ПСЖ. Реализицијата на тој трансфер според Ди Кампли е неговото најлошо искуство во фудбалето.
„Ништо не ви признаваат во овој наш менаџерски свет. Верати за мене е мртов. Бев издуван на страна како зрно песок. Никој на ПСЖ нема да му го земе Нејмар, а то се однесува и на останатите. Сите тие играчи се во „златен затвор“ од кој не сакаат да излезат. Некои договори кои ги има таму се невозможи за останатите клубови. Поради тоа мора да останат таму, иако Лига 1 е обичен куклен театар“, рекол Ди Кампри за „Тутоспорт“.
Тој ја коментирал и формата на Хавиер Пасторе кој речиси една година само повремено добива шанса да настапи.
„Неговиот договор е таков, тој е врзан за Париз и тука не може ништо да се направи“, дополнил Ди Кампли.