Top Sport

Белорусија оштетена: Червар стартува врз Краватски, нов скандал на ЕП

Нов скандал е на повидок на Европското првенство, а причината за тоа е рекацијата на Лино Червар на натпреварот против Белорусија, во ситуација кога на осум секунди до крајот Белорусија тргна во последниот напад во обид да го израмни резултатот.

Карватски е крај десната аут линија, Хрватска води 24:23, а Белорусија го има последниот напад. Кога Белорусинот тргнува, на снимката јасно се гледа дека Червар го влече Краватски со десната рака, истот се обидува да го направи и со левата, но крилото успева да се ослободи од хрватскиот селекторт.

Потоа Белорусите прават пробивање, а Коплљар во контра го постави конечниот резултат 25:23.

„Стартот“ на Червар се врти по социјалните мрежи. Ова е уште еден лош момент за ЕХФ, по оној кој се случи на мечот помеѓу Словенија и Германија во првата фаза, кога циркуз на теренот направија литванскките судии и селекторот на Словенците Веселин Вујовиќ.

Червар: Судиите сакаа да ме убијат

Scroll to Top