Пари Сен Жермен продолжува да ги тероризира противниците во францускиот шампионат, откако во 12 коло кај Анже славеше со 5:0. Во тимот на ПСЖ на овој меч го немаше најскапиот светски фудбалер Нејмар, кој не настапи поради полесна поведа.
На стадионот „Жан Буан“ гостите од Париз резултатот го отворија во петтата минута кога Мбапе во гол ја претвори асистенцијата на Дани Алвеш.
Бразилецот беше асистент и девет минути подоцна кога мрежата на Анже ја тресеше Дракслер.
По половина час игра гол постигна и Кавани. На голот му претходеше соло пробивот и додавањето на Мбапе.
Уругваецот по еден час игра го постигна својот втор гол на овој натпревар, со кој се израмни на првото место на листата на најдобри стрелци со Фалкао од Монако. Двајцата имаат постигнато по 13 гола.
Исто така Кавани влезе во Топ 5 листата на фудбалери кои најбргу стигнале до 100 гола во француското првенство.
Конечниот резултат го постави Мбапе со својот втор гол, во 84 минута.
ПСЖ со ова победа ја задржа лидерската позиција на табелата со 32 бода, додека Анже е на 13 место со исто толку бодови.