Top Sport

ПСЖ ги претстави засилувањата во Париз – фановите го скандираа Меси

Француски ПСЖ вечерва на својот стадион „Паркот на принцовите“ во Париз го игра мечот од второто коло од домашниот шампионат против тимот на Стразбур.

Ова беше искористено како можност да бидат пред париската публика претставени засилувањата за новата сезона – Серхио Рамос, Џорџио Вајналдум, Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими. Четворицата излегоа на тревникот на стадионот, а публиката громогласно ги поздрави.

Сепак ерупцијата настана кога спикерот го најави Лионел Меси.

Навивачите го скандираа и пееја неговото име, се запалија димни бомби, а Аргентинецот излезе пред фановите со маица на која пишуваше „Ние сме Париз“.

Фановите возвратија со транспарент на кој стоеше „Добродојде, Меси“.


Сепак, на дебито на аргентинскиот ас ќе мора да се почека. Мечот против Стразбур тој го следи од ложата, во друштво на Нејмар.

Scroll to Top