Top Sport

ПСЖ ги „тера“ малер – и Нант ги победи за да го спречи освојувањето на титулата (видео)

Пари Сен-Жермен и во третиот „зицер“ не успеа да ја освои титулата од француската Лига 1, откако на гостувањето кај Нант загубија со 3:2 иако први поведоа.

Секако, ПСЖ има направено огромна предност на врвот на табелата во Франција (17 поени пред Лил), но на тимот на Томас Тухел како да има „фрлено клетва“ по испаѓањето од осминафиналето на ЛШ од Манчестер јунајтед. Прво, ПСЖ одигра 2:2 со Стразбур, за потоа во текот на викендот да доживее катастрофален 5:1 пораз од Лил, за кој им беше виновен судијата.

Во Нант, во првиот состав на ПСЖ ги немаше најголемите ѕвезди, но покрај теренот не беше ниту тренерот Томас Тухел поради суспензија.

Против „канаринците“, тие поведоа во 19-тата минута преку Дани Алвеш, но Диего Карлос и Маџид до крајот на полувремето направија пресврт, за во 52. минута Диего Карлос со втор гол да донесе 3:1 водство. Младиот Метехан Гучлу во 89. минута успеа да намали на 3:2.

Scroll to Top