Поранешниот агент на Марко Верати, Донати ди Кампли тврди дека Пари Сен-Жермен честопати користат уцени за да спречат трансфер на нивните играчи, кои се „затвореници“ во Париз. Ди Кампли тврди дека тие го уценувале Верати за да спречат негов трансфер во Барселона во слична ситуација во која сега се наоѓа Килијан Мбапе, кој одбива да го продолжи договорот со клубот.
Агентот тврди дека кога Верати посакал трансфер во Барселона, клубот инсистирал тој да го отпушти својот агент. Верати во 2017 го смени Де Кампли со Мино Рајола.
„Во Париз фудбалерите се затвореници, ниогаш не го прават тоа што го сакаат туку ја следат волјата на клубот. Тоа е затвор и постојат уцени. Односот на ПСЖ секогаш вклучува уцени. Кога решивме да одиме во Барселона, емирот се налути. Ал-Хелаифи дури ми кажа директно дека ако продолжам да се обидувам да го направам тој трансфер, Верати ќе ме отпушти. И на крајот така заврши. Сигурен сум дека Марко беше исплашен, иако нема да го признае тоа. Моето искуство со тие луѓе е многу, многу лошо. Се грижат само за парите, тоа е клуб без душа. Ал-Хелаифи мисли дека може да купи секого и дека така ќе го освојат светот. Но, веќе се вие дека тоа не е возможно“, вели Де Кампли за „Релево“.