Пари Сен Жермен го одиграа првиот меч по паузата поради коронавирусот. Француската лига во март го прекина првенството, а еден месец подоцна прогласи крај на сезоната. ПСЖ ја освоија титулата, а денес ги започнаа подготвките за завршниот турнир во Лигата на шампионите. ПСЖ во четврт-финалето ќе играат против Аталанта.
ПСЖ одиграа пријателски натпревар против членот на Лига 2, Ле Авр и забележаа победа од 9:0.
Томас Тухел мечот го започна со најсилниот состав со кој го одигра само првото полувреме.
По два гола постигнаа Икарди, Нејмар и Сарабија, а по еднаш мрежата на Ле Авр ја погодија Мбапе, Ге и Муига.
Натпреварот се одигра пред публика откако француската влада дозволи на трибините да има 5.000 луѓе.