Францускиот репрезентативец Осман Дембеле треба да биде новото засилување на ПСЖ. Раководството на францускиот првак влезе во завршни преговори со фудбалерот.
Дембеле има клаузула во договорот што му овозможува да си замине од Барселона за 50 милиони евра до 1 август, а потоа сумата е двојно поголема, 100 милиони евра.
ПСЖ затоа брза да го склучи договорот до крајот на јули. За Дембеле е подготвен петгодишен договор, а тој би добил значително поголема плата од сегашната во Барселона.