Француските шампиони, Пари Сен-Жермен ги поминаа шампионите од Премиер лигата, Манчестер сити како најмоќен финансиски клуб во светскиот фудбал, според годишниот извештај на „Сокерс фудбал финанс 100“.
Компанијата ги подредува светските фудбалски клубови според формула на вредност на сегашниот состав, вкупните поседи на клубот и парите достапни на нивните банкарски сметки заедно со долговите.
ПСЖ по намалувањето на долгот за 75.87 милиони долари, доби коефициент од 5.318, со што ги помина Сити, кои го зголемија својот долг за 97 милиони долари во една година. Баерн Минхен со одговорната германска политика на инвестиции се трети пред Тотенхем и Реал Мадрид, додека гигантите Манчестер јунајтед паднаа од осмото место во 2019 на 16. место во 2020.
Иако европските тимови доминираат во топ 30 на оваа листа, речиси половина од тие клубови се во сопственост на не-европски компании, главно од Блискиот Исток, Северна Америка и југоисточна Азија.
Англиската Премиер лига има најмногу клубови во топ 100, дури 18, американската МЛС лига е изненадувачки втора со 17 клубови иако нивниот најсилен тим е Лос Анџелес ФЦ на 18. место на табелата.
ТОП 25 ФИНАНСИСКИ НАЈМОЌНИ КЛУБОВИ
1.Пари Сен-Жермен (Фра)
2.Манчестер сити (Анг)
3.Баерн Минхен (Гер)
4.Тотенхем (Анг)
5.Реал Мадрид (Шпа)
6.Арсенал (Анг)
7.Челси (Анг)
8.Ливерпул (Анг)
9.Јувентус (Ита)
10.Борусија Дортмунд (Гер)
11.Атлетико Мадрид (Шпа)
12.Барселона (Шпа)
13.РБ Лајпциг (Гер)
14.Хофенхајм (Гер)
15.Гуангжу Евергранде (Кин)
16.Манчестер јунајтед (Анг)
17.Наполи (Ита)
18.Лос Анџелес ФЦ (САД)
19.Баер Леверкузен (Гер)
20.Монако (Фра)
21.Лестер (Анг)
22.Лос Анџелес галакси (САД)
23.Зенит Санкт Петерсбург (Рус)
24.Нагоја Грампус (Јап)
25.Интер (Ита)
⚽️ L’étude Soccerex (? https://t.co/9M9ql6vPP3) classe le #PSG comme le club le + puissant financièrement au monde
? #PSG ??
? #ManCity ???????
? #Bayern ??
5 critères pris en compte : valorisation des⛹️♂️,
des actifs immobiliers, actifs fin., invest. des propriétaires, dette nette pic.twitter.com/C6MMyVchPG— ObservatoireSportBiz (@Obs_Sport_Biz) February 14, 2020