По договорите за позајмица на Лајвин Курзава во Фулам и продажбата на Идриса Геје во Евертон, Пари Сен-Жермен се договори и за позајмица на Јулијан Дракслер во португалскиот гигант Бенфика.
Дракслер пристигна во Париз во јануари 2017 година од Волфсбург и во пет сезони на „Паркот на принцовите“ имаше 198 настапи и 26 гола за ПСЖ, освојувајќи четири француски титули. Тој исто така беше дел од германската репрезентација која во 2014 ја освои светската титула и има 56 настапи а „маншафт“.
✍️ Bem-vindo, Draxler!
?? ? Welcome!#EuAmoOBenfica || #Draxler pic.twitter.com/Y2ag4QBRCb
— SL Benfica (@SLBenfica) September 1, 2022