Top Sport

Аталанта се прости со Иличиќ, па се израмни на врвот на табелата со Рома

Аталанта се прости со својот поранешен фудбалер, Јосип Иличиќ по раскинот на договорот со словенечкиот ветеран, па стигна до 2:1 победа над Торино за да се израмни на првото место на табелата во Серија А со Рома по четири кола во италијанскиот шампионат.

34-годишниот Словенец, кој дојде во Бергамо во 2017 година играше малку последните две сезони поради проблеми со менталното здравје, и на крајот си заминува со 173 настапи во кои даде 60 гола и имаше 44 асистенции.

Теун Копмајнерс ги донесе Аталанта во водство во финишот на првото полувреме со гол од пенал, за потоа во 47. минута да зголеми на 2:0. Никола Влашиќ со првиот гол за Торино во 77. минута, пред Компајнерс да го комплетира хет-трикот со нов гол од пенал во 84. минута од мечот.

Во вториот вечерашен меч од Серија А, Болоња не успеа да ја оствари првата победа во новата сезона, одигрувајќи 1:1 со Салернитана. Марко Арнаутовиќ од пенал во 52. минута од мечот донесе водство за домаќините, пред Булаје Дија да израмни во 88. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top