Top Sport

ПСЖ го претстави Милан Шкриниар за ново засилување

Словачкиот интернационалец Милан Шкриниар е нов член на ПСЖ. Тој денеска и официјално е претставен како ново засилување за „светците“.

Словакот потпиша договор со ПСЖ до 2028 година. Поранешниот дефанзивец на Интер уште на средината од ланската сезона се договори да прејде во ПСЖ како слободен агент ова лето.

Новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике, ќе се обиде да состави нов тим, кој повторно ќе има амбиции да освојува титули во Франција, но и да го донесе толку очекуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Scroll to Top