Top Sport

ПСЖ го распушти резервниот тим, ќе се фокусираат на У-19 тимот

Пари Сен-Жермен официјално го распушти својот „Елит“ резервен тим кој се натпреваруваше во четвртата француска лига, за од следната сезона да се фокусира на У-19 составот, кој биде последна станица пред главниот тим.

Според клубот, условите за настап во Насионал 2 лигата веќе не ги задоволува условите за развој на млади фудбалери, така што сегашниот У-19 тим ќе биде последната станица за да се „забрза процесот на вклучување на младите фудбалери во професионалниот клуб“.

Според „Л’Екип“, спортскиот директор на клубот Антеро Енрике им го соопштил ова на резервниот тим неколку часа пред нивното патување во Сен-Бриу, каде што треба да го играат последното коло од Насионал 2. Тренерот на овој клуб, Лирој Ехтелд, најверојатно заминува од клубот.

Оваа одлука исто така е пораз и на поранешниот фудбалер на клубот, Тијаго Мота, кој го водеше У-19 тимот, но беше во конфликт со Енрике. И тој најверојатно ќе замине од тимот.

Scroll to Top