Top Sport

ПСЖ го сака Асенсио, но само доколку им пропадне трансферот на Бернардо Силва

ПСЖ зад себе има има разочарувачка сезона. „Светците“, ќе бидат шампиони на Франција, но дебаклот во Лигата на шампионите каде испаднаа во осминафиналето не може да ги задоволи амбициите на најскапиот тим во Европа.

Јасно е дека ќе има големи промени во ПСЖ, во текот на летниот преоден рок. Тренерот Кристог Галтие ќе биде сменет, а тимот се очекува да го напуштат големите ѕведи, Лионел Меси и Нејмар. ПСЖ новиот проект ќе го гради околу Килијан Мбапе.

Од вчера, ПСЖ се поврзува со играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Крилниот напаѓач ќе го напушти Реал Мадрид како слободен играч.

Во оваа инвормација има одредена вистина во таа вест, но Радио Монте Карло, ПМЦ, пренесува дека Асенсио може да пристигне во Париз само доколку пропадне трансферот на Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Португалецот е голема желба на ПСЖ и има взаемна желба за соработка. Сепак, тој има договор со шампионот на Англија до 2025 година, што значи дека клубовите допрва треба да седнат на маса и да преговараат околу сумата што ПСЖ ќе треба да ја плати за Силва.

Scroll to Top