Top Sport

ПСЖ го сака Конте за тренер

Менаџерот на Челси, Антонио Конте веројатно нема да остане на „Стенфорд Бриџ“, а во моментов има две опции каде би ја продолжил кариерата. Фудбалскиот сојуз на Италија сака тој да се врати на кормилото на националниот тим, а ПСЖ во него гледа наследник на Енаи Емери.

Богатите сопственици на ПСЖ по елиминацијата на тимот од Лигата на шампионите му ставија до знаење на Шпанецот Емери дека ема да ја продолжат соработката со него. Од таа причина од ПСЖ веќе го контактирал менаџерот на Конте.

Според француските медиуми менаџерот на Конте, Федерико Пасторело, во вторникот бил во Париз, а ПСЖ стапил во контакт и со братот на тренерот Џанлука Конте.

Scroll to Top