Top Sport

ПСЖ го сака Микел Артета за нов тренер од следната сезона

Арсенал е во неволја, повторно загуби бодови во финишот на мечот со Вест Хем, а Манчестер Сити е сѐ поблиску во трката за врвот. Клубот ги прекина преговорите за нов договор на Микел Артета. Не се работи за сомнеж во неговата работа, туку не сакаат да го оптоварат Шпанецот во борбата за титулата.

Сепак, „топчиите“ стравуваат дека би можеле да го загубат Артета, затоа што раководството на ПСЖ наводно е импресионирано од неговата работа и го гледа како идеално решение за наследник на Кристоф Галтие.

Артета играше за ПСЖ за една сезона во кариерата и знае француски јазик, што е дополнителна предност за него. Клубот планира револуција, сака да доведе млади француски играчи кои ќе го опкружат Мбапе, а во Артета гледаат идеален тренер кој покажа дека знае да работи со младите играчи и внесува дополнителна смиреност во тимот.

Scroll to Top