Top Sport

ПСЖ го сака Рохо, Мурињо подготвен да го продаде за добра цена

Според британскиот таблоид „Сан“, Пари Сен-Жермен влегува во „трката“ по аргентинскиот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо, за кого во игра остануваат и Евертон, Марсеј и Зенит.

Се верува дека Евертон се на „пол-позиција“ во трката за Аргентинецот кој вреди околу 20 милиони фунти и кого Жозе Мурињо е подготвен да го продаде во обид да донесе друго засилување, најверојатно Џером Боатенг од Баерн Минхен.

Во исто време, Антони Марсијал, Французинот кој ја напушти американската турнеја на Јунајтед за да биде со својата сопруга која се породи, се врати на тренинзи со клубот. 22-годишниот Марсијал беше критикуван за отсуството од Мурињо, но по сѐ изгледа ќе остане уште една сезона на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top