Top Sport

ПСЖ го сруши рекордот, од учеството во ЛШ заработи 150 милиони евра

Сезоната на европските клупски натпреварувања заврши со финалето на Лигата на шампионите и убедливата победа на Пари Сен Жермен над Интер (5:0).

По сите одиграни натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференцијата, платформата „Фудбал Метс Дата“ пресмета колку заработил секој клуб од настапот во европските купови оваа сезона.

Најмногу заработи новиот европски првак, ПСЖ. Од учеството во Лигата на шампионите „светците“ инкасираа 148,4 милиони евра, додека Интер, нивниот противник противник во финалето, заработи 12 милиони евра помалку.

Со новиот формат, Лигата на шампионите го зголеми и наградниот фонд. Покрај финалистите, уште пет клуба ја минаа границата од 100 милиони евра.

Профитираа и клубовите од регионот, Динамо Загреб заработи речиси 40 милиони евра, а Црвенз звезда 32 милиони евра.

Scroll to Top