Војната помеѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен продолжува, а се појави нова фаза со тужбата што официјално ја поднесе клубот.
Имено, францускиот шампион беше огорчен од начинот на кој Мбапе го напушти Париз, без обештетување откако му беа исплатени 180.000.000 евра на Монако.
Тој му заби нож во грб на Насер Ал Келаифи, со кого наводно имал усмен договор во 2023 година за продолжување на договорот, но тоа не се случи.
„Овој договор не беше обврзувачки бидејќи не беше ниту формален ниту потпишан и нема докази дека постоел претходно споменатиот „џентлменски договор“. Бараме 55 милиони евра отштета од ПСЖ за исклучувањето на Мбапе од тимот откако тој објави дека го напушта клубот на крајот од сезоната“, објавија адвокатите на Мбапе.
Мбапе го направи првиот чекор, откако замина во Реал Мадрид, и го тужеше поранешниот клуб за 55 милиони евра. Тој дури побара од УЕФА да го исклучи ПСЖ од сите негови натпреварувања.
Затоа ПСЖ сега одговори со контратужба, барајќи дури 98 милиони евра од Мбапе.
„Тужбата на играчот против ПСЖ е неоснована. Покрај тоа, тој му должи пари на клубот“, објави ПСЖ.